Дачиќ се заложи за нормализирање на односите со Хрватска

Од:

Српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска се заложи за нормализирање на односите со Хрватска, истакнувајќи дека досега другата страна не покажала голем интерес за тоа.

– Овој дијалог го барам веќе неколку месеци, предлагам но одговор нема. Едноставно изгледа дека не се премногу заинтересирани, а ако тие не се тогаш не сум ниту јас, изјави Дачиќ за телевизијата Б92.

Тој смета дека „треба да се стопи мразот“ и да се најде решение за еден вид нормализирање на односите со Хрватска.

Српскиот премиер нагласи и дека косовскиот премиер Хашим Тачи бил на претпоследниот состанок во Брисел со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, кој се понудил да посредува во дијалогот меѓу Тачи и Дачиќ.

– А кој ќе посредува во дијалогот меѓу мене и Милановиќ?, прашал Дачиќ по разговорот со американскиот заменик државен секретар Филип Рикер.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ