Дачиќ: Се обидуваме да ги натераме земјите од ЕУ кои не го признаа Косово да ја оспорат кандидатурата на Приштина

Од:

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија работи на тоа членките на ЕУ кои не ја признале независноста на Косово од статусен аспект да ја оспорат најавената кандидатура на Приштина за членство во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ изјави дека покрај најавените доаѓања на бројни функционери, за Србија е важен и 15 декември, кога постои можност Приштина да поднесе барање за членство во ЕУ.

-Ние работиме и на тоа да ги повикаме сите земји-членки на ЕУ кои не го признаа Косово да го оспорат тоа прашањето од статусен аспект – дека нема услови да се разговара за тоа, рече Дачиќ и додаде дека Чешка има улога во целиот процес како земја која претседава со ЕУ.

-Ќе видиме дали барањето ќе биде одбиено или ќе биде испратено на разгледување, но се зависи од претседавачот на ЕУ, рече тој, додавајќи дека во тек се разговори и со Унгарија, која иако го признала, нема да гласа за Косово.

„Се трудиме со сите сили да се слушнат нашите ставови и да се спротивставиме на двојните стандарди. Ако (Габриел) Ескобар е во Косово, не мислам дека (Албин) Курти е толку луд што во негово присуство ќе направи големи инциденти. Целта е да се деескалира проблемот“, рече Дачиќ.

На прашањето кога ќе бидат претставени нотите на земјите кои го повлекле признавањето, Дачиќ рече дека ќе разговара со претседателот Вучиќ кога ќе дојде време за тоа.

-Ќе ја чекаме апликацијата на Косово кога станува збор за ЕУ. Се придржувавме до Вашингтонскиот договор, но барањата за членство во СЕ и ЕУ покажуваат дека Косово не ги почитува, изјави Дачиќ и нагласи дека „она што е сигурно е дека Косово во моментов може да смета на 83 гласа од 193 членки на ОН. “.

Дачиќ потсети дека Србија неделава ја очекуваат неколку многу важни посети, од доаѓањето на министрите за Европа на Велика Британија и Франција, до посетата на министерот за надворешни работи на Португалија, доаѓаат Ескобар, Лајчак и претставници на Франција и Германија за дијалогот со Приштина.

-Требаше да дојде, а најверојатно ќе биде одложена посетата на советникот на државниот секретар Блинкен (Дерек Шоле), рече шефот на српската дипломатија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина