Дачиќ: Постигнато е единство тргнуваме во реализација на целите

Од:

Државниот врв на Србија постигна апсолутно единство за платформата и резолуцијата за преговорите со Приштина и сега со цела сила тргнуваме во реализација на нашите два најважни цели – да пронајдеме трајно и одржливо решение за Косово и да направиме чекор напред кон ЕУ, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Тој во интервју за „Вечерње новости“ ги демантираше гласините дека во власта има сериозни несогласувања за решавање на косовскиот проблем. Тој тврди дека сите партнери во власта се согласни за поединечните формулации во документите, за кои „постоеле различни видувања“.

– Документите не се резултат на некаков натпревар туку на долги разговори и консултации за кои се трудевме да најдеме што подобри формулации. Конечниот текст е усогласен со сите политички фактори во власта, вклучително и претседателот Томислав Николиќ, нагласи Дачиќ.

На прашањето дали има причина за страв дека Србите ќе се повлечат од северно Косово, Дачиќ наведе дека Србија „била и ќе биде присутна во Косово“ и оти ниту еден свој граѓанин, каде и да живее нема да го „остави на цедило“.

– Во платформата е предложен еден вид автономија на српските општини односно заедница на српските општини. Тие би требало да имаат свои надлежности. Србија тоа досега никогаш не го направила. Требаше порано да работиме на формулирање на автономијата. Дојдовме во ситуација некој од нас да бара да ги укинеме, да не бидат институции на Србија, а не се знае чии се тие органи и на кого же припаѓаат, посочи Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ