Дачиќ: Постигнат е привремен договор за царините

Од:

Српскиот и косовскиот премиер Ивица Дачиќ и Хашим Тачи синоќа на четвртата рунда од политичкиот дијалог под покровителство на високиот претставник на ЕУ, Кетрин Ештон се договорија за привремено решение за наплата на царина, јави Танјуг.

– Се договоривме дека парите од наплатата на царината ќе одат во посебен фонд за развој на општините на северно Косово, кој ќе биде формиран под покровителство на Европската унија, изјави Дачиќ по петчасовната средба.

Тој наведе дека тоа решение е од привремен карактер и дека дополнително ќе се утврдуваат некои технички детали.

– Првпат на еден сериозен начин е отворено прашањето за паралелизмот на институциите и специјалниот однос кон српскиот народ кој живее во Косово. Тоа е суштинско прашање што не може да се реши за една вечер, но патот кон решението е отворен, посочи Дачиќ.

Тој наведе дека решението е во формирање на нови институции во северно Косово, кои ќе бидат прифатливи и за Приштина и за косовските Срби.

Од кабинетот на Ештон е потврдено дека двајцата премиери склучиле привремен договор за наплата на царини, акцизи и ДДВ на границите.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор