Дачиќ: Поголем дел од законот мора да смени косовскиот парламент

Од:

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ најави дека ќе се формираат работни групи кои треба да проучат кои закони, поради спроведување на бриселскиот договор треба да се сменат и додаде дека поголем дел од законот треба да го промени косовскиот парламент.

-Кога е збор за Србија, планираме да направиме Уставен закон, со кој се она што го зборувавме ќе биде дефинирано во суштинската автономија, која би требало да биде значајна за КиМ, изјави тој.

Според него Србија во јуни треба да добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, по што ќе се направи преговарачката платформа.

Дачиќ нагласи дека доколку тоа не биде во јуни, не знае кога Србија може да добие датум.

-Молам ЕУ да ги исполни обврските кои што ги презеде, бидејќи јасно се договоривме, договор, негова имплементација, план за имплементацијата и одлука за датум. Доколку го нема договорот, не знам како ќе го исполниме останатото-додаде српскиот премиер.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје