Премиерот на Србија и лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ, рече дека 80 отсто од граѓаните биле против одржувањето на геј парадата и дека во Белград би дошло до “крвопролевање” ако не се забрани парадата.
– Подобро да плукаат врз мене зашто ја запрев парадата, отколку да плукаат на мене ако дозволев да дојде до крвопролевање. Дури и ако ние ангажиравме повеќе од 5.000 полицајци, пак ќе имаше немири, тепачки,и ќе паднеше крв – рече Дачиќ.
Исто така тој изјави и дека Социјалистичката партија на Србија плаќа за грешките од минатото.
Според него немирите предизвикани од Парадата на гордоста ќе зафателе и згради на амбасадите на западните земји.
Инаку, денешната Парада на гордоста во Белград се оддржа во четири ѕида.