Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека одлуката на Европскиот совет да ги отвори пристапните преговори е историска, но дека Србија со неа не е незадоволна.
Седницата на владите на сите 28 држави-членки ќе се одржи најдоцна во јануари, на барање на Германија.
-Не сме незадоволни затоа што е во јануари, но во секој случај ова е историски ден-истакна тој.
Тој додаде дека одлуката не само што е конечна, туку нема да има ниту дополнителни услови.
-Денес се отворени преговорите, нема дополнителни услови и нови состаноци на Европскиот совет, одлуката е конечна-нагласи српскиот премиер.
Елена Георгиевска