Србија ја откажа посетата на потпретседателот на владата Сузана Грубјешиќ во Загреб, поради последните случувања со ослободителната пресуда за хрватските генерали, изјави премиерот Ивица Дачиќ.
– За што да разговараме, по оваа пресуда? – смета премиерот.
Тој изјави дека пресудата на Хашкиот трибунал ќе остави тешки последици во процесот на помирување помеѓу Србија и Хрватска, и дека Хрватска ќе ја искористи одлуката за да ја легализира политиката на етничко чистење на Србите.