Дачиќ: Не ни треба таква Унија во која геј парада е влезницата

Од:

Претседателот на српската Влада Ивица Дачиќ но и министер за внатрешни работи на Србија изјави дека прашањето за геј парада не е прашање на човековите права, туку на безбедноста, додавајќи дека нејзиното одржување ќе зависи пред се, од учесниците.

„Тргнете ми ги веќе тие приказни за човековите права. Какви човекови права, тука станува збор за прашањето на безбедност, луѓе! Има земји каде нема геј паради, па се членки на ЕУ. Дали е можно тоа и понатаму да е главна тема, и понатаму да се занимаваме со геј парада како главен проблем, како влез за ЕУ, тоа е смешно“, изјавил Дачиќ за новинарите во Врање.

Тој рече дека истовремено нема разбирање ниту за „психопатите кои се закануваат дека ќе ги убијат учесниците на геј парадата и кои велат дека таква парада нема да има“.

„Кога парадата би можела да се одржи без безбедносни ризици – секако дека нема да има проблем“, заклучил тој.

Би можело да ве интересира

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје

Николовски од Белград: Затоплување на политичките односи и подобрување на економската соработка со Србија

Предраг Петровиќ

Голем пожар во Шумадија, домаќинствата засега не се загрозени