Српскиот премиер Ивица Дачиќ најверојатно ќе биде назначен за нов шеф на тимот на Белград во преговарачкиот процес со Приштина.
Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, најави дека денеска ќе има средба со владата на која ќе биде одреден новиот шеф на преговарачите, додавајќи дека токму Дачиќ треба да го заземе тоа место.
Николиќ објасни дека тој лично не сака да преговара со кососвкиот премиер Хашим Тачи, но затоа „претпоставува“ дека Дачиќ е подготвен на такво нешто па затоа го предлага тој да ги води разговорите.
Српскиот претседател додаде дека нема шанси да биде потпишан договор за добрососедски односи со Косово бидејќи тоа би значече де факто признавање на неговата независност.