Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека Владата ќе настојува „да најде решенија за сите прашања и да изгради нови мостови со земјите во регионот и со институциите во Приштина“.
Дачиќ во говорот пред учесниците на вторииот белградски Безбедносен форум оцени дека прашањето за Косово претставува потенцијално најголем извор на нестабилност за Србија и повтори дека ставот на Србија за тоа е јасен и се темели на почитување на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1244 и на правниот поредок во Србија.
Признавањето на Косово и Метохија од страна на некои држави во регионот придонесе за усложнување на надворешнополитичките прилики и оддалечување од дијалогот, посочи Дачиќ.
Тој посебно нагласи дека Србија смета дека во сите случаи на воени злосторства мора да биде утврдена вистината, а сторителите да бидат казнети.
Југоисточна Европа е голем геостратешки простор и сите имаме одговорноср да го направиме побезбеден. Секое кочење на инетграциските процеси го зголемува ризикот од настабилност, наведе Дачиќ.