Дачиќ: Јас сум професионален политичар, новата функција за мене е оставарување на целите

Од:

Новоизбраниот претседател на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ во емисија на „ТВ Пинк“ коментирајќи ја неговата нова функција изјави дека му се чини како сето тоа да му се случило одамна.

„Многу години сум во политика и кариерата ја започнав во Собранието. Бев во сите мандати на Собранието. Таму се пошегував пред пратениците дека се вратив дома. Јас ја изградив мојата политичка кариера таму, но има друга динамика“, рече Дачиќ и додаде дека е благодарен и почестен што беше номиниран за таа позиција.

Според Дачиќ, извршната политика има свои предности и недостатоци, но во парламентот се случува „вистинската политика“, смета тој.

„Кога човек влегува во извршната власт, таа го опива малку. Јас сум многу благодарен за оваа позиција, таа е највисоката позиција што сум ја добил досега“, изјави тој.

Во однос на новите измени во владејачката структура, Дачиќ смета дека Вучиќ морал да размислува стратешки кога правел промени, сепак тој е задоволен од она што добил тој и неговата партија.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне

Во Србија запленета голема количина на дрога