Дачиќ и Тачи постигнаа согласност околу граничните премини

Од:

Премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, синоќа во Брисел постигнаа договор за спроведување на Спогодбата за премините, пренесоа белградските медиуми.

Како што пренесува Радио-телевизија Србија (РТС), Дачиќ по средбата со Тачи, а со посредство на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, изјави дека од Нова година меѓу Србија и Косово ќе бидат пуштени во употреба четири премини, по истиот режим што на северот на Косово беше спроведуван и досега.

На средбата во Брисел, што заврши ноќеска околу полноќ, претседателите на Владите на Србија и на Косово, и претставничката на ЕУ, разговараа за примена на Спогодбата за интегрирано управување со премините, чија реализација треба да почне во понеделник, на 10 декември.

Ештон прво имаше одвоени средби со Дачиќ и Тачи, а потоа беше оддржан и тројниот состанок.

Истакнувајќи дека посебниот статус за Србите од северот на Косово бил условот на Владата на Србија за почнување на примената на договорот за премините, Дачиќ изјави дека како и до сега, за Србите од северот на Косово нема да биде потребно да вадат документи и регистерски таблички од Косово и дека нема да им се наплатува царина.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ