Дачиќ и Брнабиќ побараа од ЕУ и САД да влијаат на Косово да овозможи организирање на изборите на 3 април

Од:

Претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ денеска во Белград побара од заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, да го искористат својот авторитет и да влијаат врз косовските власти да овозможат организирање на претстојните избори во Србија и на територијата на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

На деншната средба во Белград со Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, Дачиќ кажа дека Србија е посветена на изнаоѓање компромисно решение за косовското прашање, додавајќи дека дијалогот е единствениот начин за тоа, соопштија од неговиот кабинет.

Лајчак изјавил дека ставот на ЕУ е дека изборите треба да се организираат и во Косово, и дека за тоа разговарал со косовските претставници за време на неговата посета на Приштина оваа недела, се наведува во соопштението.

Тој изјави и дека дијалогот е „единствениот процес за нормализација на односите меѓу Србија и Косово“ и додаде дека по изборите во Србија ќе се отвори простор за негово интензивирање.

Според Лајчак, неговата заедничка посета со Ескобар треба да му покаже на целиот регион дека ЕУ и САД имаат иста визија за Балканот, а тоа е членството во ЕУ.

Ескобар, ја потврдил важноста на заедничката посета на Белград и на Приштина, нагласувајќи дека САД сакаат да испратат јасна порака дека „иднината на целиот регион ја гледаат во ЕУ“, се наведува во соопштението.

-Дијалогот со посредство на ЕУ е единствениот механизам што САД го поддржуваат во решавањето на отворените прашања, кажа Ескобар, нагласувајќи ја подготвеноста на Вашингтон да ја даде потребната помош и поддршка.

По повод прашањето за формирање на Заедницата на српските општини, Лајчак и Ескобар порачаа дека испратиле јасна порака до сите соговорници во Приштина дека таа мора да се формира и дека се што е договорено преку дијалогот, мора да се спроведе.

Речиси идентично барање до Ескобар и Лачак испрати и српската премеирка Ана Брнабиќ на нивната денешна средба, на која таа, според соопштенеито од нејзиниот кабинет, „го изразила своето незадоволство поради тоа што на Србите од Косово не им било дозволено да гласаат на референдумот на 16 јануари и ги повика двајцата претставници да направат се што е во нивна моќ за да им овозможат на Србите да гласаат на изборите што ќе се одржат во Република Србија на 3 април годинава“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Брнабиќ за нападот во Нови Сад: Го осудувам она што јас лично го нарекувам фашистичко дивеење

А1он

Дачиќ: Студентите кои блокираат сакаат предвремени избори

Брнабиќ: Никој од опозициските медиуми не го забележа садизмот што го гледавме сите овие месеци

Брнабиќ: Очекувам полека да се враќа наставата на факултетите

Дачиќ: Не е точно дека Вучиќ и наредил на полицијата да употреби сила за да ја деблокира зградата на РТС

А1он

Дачиќ: Утрешниот централен собир во Белград ќе биде одговорот на Србија која сака да се развива

А1он