За министерот за внатрешни работи на Србија и претседател на СПС, Ивица Дачиќ, недоаѓањето на претседателите од регионот на инаугурацијата на српскиот претседател Томислав Николиќ е организиран бојкот.
„На сите треба да им е јасно дека ова е навреда за Србија, а не за Николиќ, кој моментално е претседател на Србија“, изјави Дачиќ.
Тој рече дека го изненадува фактот што претседателите на државите од регионот одлучија да не присуствуваат на инаугурацијата.
„Тоа не е однос спрема Николиќ или Борис Тадиќ, туку спрема Србија и сето тоа го оправдуваат со некакви приказни. Но притоа устите им се полни со помирување и европски интеграции. Дали е тоа во духот на помирувањето и тие интеграции?“, праша Дачиќ.