Поради обилните врнежи во Словенија е прогласен т.н. црвен аларм, највисок степен на опасност од поплави.
Како што јавуваат медиумите, реките Соча и Випава во североисточниот дел на земјата сеуште не излегле од коритото, но на дежурните служби и на жителите уште во текот на денот им беа поделени вреќи со песок за одбрана од поплавите кои се очекуваат уште од вечерва.