Црна Гора: Уништени 60,4 тони оружје и муниција

Од:

Дирекцијата за вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Црна Гора уништи 60,4 тони неексплодирани боеви средства од различен профил, собрани во текот на 2018 и 2019 година.

„На овој начин Црна Гора покажа дека, преку безбедно уништување на неексплодирани средства, ги почитува барањата на струката од оваа област и го штити здравјето на граѓаните и животната средина. Исто така, преку уништување на значителна количина на неексплодирани средства, се потврдува дека постојат технички и професионални капацитети што можат да одговорат на толку сложена и тешка задача“, соопшти црногорското Министерството за внатрешни работи.

Вредноста на извршените работи е околу 700.000 евра.

„Финансиската поддршка од меѓународните партнери исто така укажува на доверба во потенцијалите и напорите што Црна Гора ги презема за унапредување на оваа важна област“, ​​се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски