Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

Од:

Во храмот Воскресение Христово во Подгорица, голем број верници присуствуваат на утринската божиќна литургија. На литургијата присуствуваат градоначалникот на Подгорица Саша Мујовиќ и претседателката на Собранието на главниот град Јелена Боровиќ Бојовиќ.

Присутен беше и вицепремиерот на Црна Гора Филип Ивановиќ. Премиерот Милојко Спајиќ најави дека годинава нема да присуствува на литургијата поради лошата здравствена состојба.

Тој уште еднаш им го честиташе Божиќ на сите православни верници во Црна Гора и се осврна на трагедијата што се случи на првиот ден од оваа година во Цетиње, кога загинаа 12 лица, а четворица беа тешко ранети.

„Мир Божји, Христос се роди! Божиќ го дочекуваме со мисли насочени кон семејствата кои со неизмерна болка ги дочекаа првите денови од оваа година.

Во светлината на Христовото раѓање, бараме сила и мудрост да продолжиме, за солидарност и за меѓусебно почитување“, напиша Спајиќ на платформата Х.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски