Црна Гора очекува покана за членство во НАТО на следниот самит

Од:

На следниот Самит на НАТО што ќе се одржи во септември во Велика Британија, Црна Гора очекува покана за членство во Алијансата, изјави денеска црногорскиот претседателот Филип Вујановиќ.

На средба со членовите на Работната група на Советот на ЕУ за проширување, Вујановиќ ја истакна потребата за членство на Црна Гора во НАТО и очекувањето поканата за членството да дојде на следниот Самит на Алијансата во Велика Британија, соошти кабинетот на Вујановиќ.

Црногорскиот претседател пред гостите ја претставил политичката и економска ситуација во земјата и активностите во процесот на интеграција, детално објаснувајќи ја потребата од добра динамика во европските интеграции и продолжување на актуелната поддршка на јавноста на овие интегративни процеси.

Претседателот на Црна Гора пред европските дипломати ги наброил значајните инвестиции и проекти што гарантираат подобрување на економскиот амбиент и подобар живот за граѓаните, се истакнува во соопштемието од неговиот кабинет.

Би можело да ве интересира

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора, епицентарот е меѓу Никшиќ и Даниловград

Горан Наумовски

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

Во Беране се запали автобус со 80 деца, три се болнички згрижени

Горан Наумовски