Црна Гора очекува да биде следната нова членка на ЕУ и НАТО

Од:

Црна Гора сигурно ќе биде следната нова членка на Европската унија и на НАТО, изјави денеска претседатлот на црногорскиот Парламент, Ранко Кривокапиќ.

Во разговор со група новинари од земјите-членки на ЕУ кои престојуваат во Подгорица во рамки на проектот „Да ја откриеме Црна Гора“, Кривокапиќ нагласи дека земјата не е оптоварена со датуми кога ќе стане членка на Унијата и НАТО, туку дека е посветена на остварување резулатати и зајакнување на владеењто на правото.

Според него, доколку се направи споредба со периодот во 90-те години на минатиот век, ќе се види дека Црна Гора остварила змачаен напредок и ја зацврстила демократијата.

Кривокапиќ смета дека со приемот на Црна Гора во полноправно челнство, ЕУ ќе стане побогата за „пример на соживот на различностите“.

– Црна Гора е жив пример за тоа како може да постои хармонија во животот на различни религии и нации во овој дел на Европа. Со тоа нашата земја го збогатува вкупниот систем на вредности на модерна и граѓанска Европа, потенцира Кривокапиќ.

Според него, за НАТО и за ЕУ е особено важно да го заштитат целиот медитарански брег под „чадорот на Алијансата“ и затоа не смее да се дозволи Црна Гора да биде единствениот дел на брегот на Средоземното Море, од Португалија до Турција, што ќе остане надвор од таа заштита.

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година