Земјите-членки на ЕУ дадоа зелено светло за отворање на последното неотворено поглавје во пристапните преговори со Црна Гора.
Станува збор за Поглавјето осум, кое ги регулира проблемите со конкуренцијата и кое Црна Гора треба да го отвори на меѓувладина конференција следната недела.
Предлогот за отворање на последното поглавје за преговори со Црна Гора го поздравија претставниците на земјите од ЕУ во рамки на работната група на Советот на ЕУ за проширување, а предлогот треба да биде потврден и од амбасадорите на земјите членки на ЕУ утре во Брисел.
Црна Гора е во преговори за членство во ЕУ од 2012 година.
Со Поглавјето осум, ќе бидат отворени сите 33 поглавја во преговорите, од кои три се привремено затворени.