Црна Гора – Албанија: Aјде заедно да одиме во ЕУ

Од:

Потпретседателот на црногорската влада Игор Лукшиќ во Тирана предложи регионален пристап до фондовите на ЕУ и меѓународните институции, оценувајќи дека заеднички настап ги зголемува можностите за реализација на големи инфраструктурни проекти од значење за регионот.

Лукшиќ во текот на состанокот со највисоките државни лица на Албанија, оцени дека таков вид на соработка е потребен на овие простори.

Претставници од двете влади потпишаа договор во областа на образованието и заштита на тајните податоци.

Лукшиќ во Тирана се сретна со претседателот на Албанија, Бујар Нишани, премиерот Сали Бериша, претседателката на собранието Јозефина Топали и министерот за надворешни работи Едмондо Панарити.

Во разговорот било констатирано дека односите помеѓу двете држави се инзвонредни, а покажан е интерес за понатамошна интеграција на регионот во ЕУ и НАТО.

Исто така била укажана и можноста за залисување на економската соработка, особено во областа на туризмот.

Потпретседателот на црногорската влада утре ќе отвори црногорско-албански работен форум, со цел да се поврзат двете заедници.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија