„Циркус на сонцето“ во Белград

Од:

Најпознатиот циркус во светот „Cirque du soleil“ синоќа се престави во Белградска арена со својата популарна престава наречена „Аlegria“. Таа е прва од предвидените пет што денес и утре ќе можат да ги доживеат белграѓани.

Циркусот беше испратен со овации по понудените циркуски точки со неверојатна комбинација од оркестарот на сцената, осветлувањето, интересни костими и 55 –те акробати кои со своите таленти го одземаат здивот на гледачот.

Ви нивните препознатливи неверојатни сценски настапи артистите ги употребуваат своите тела како да се од гума. Изненадуваат и точките со трапез, стоење на една рака со нозе испреплетени околу телото, игра со огнени ножеви, смешни кловнови и на крајот летање на висина од 13 метри од вратило на вратило што за нив изгледа како тоа да го прават секој ден.

Зборот „Alegria” има шпанско потекло и значи среќа, радост или ведрина. Преставата е една од најсложените технички перформанси на познатиот циркус.

Оваа година преставата јо одбележува својата 6.000 изведба. Картите за „Alegria” се движат од 2.500 до 5.500 српски динари.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје