Ципрас засега нема намера да бара заем од Русија

Од:

Излегување на Грција од еврозоната ќе биде ампутирање на Југоисточна Европа, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас на Кипар, каде е во својата прва официјална посета како премиер.

Тој во Никозија се сретна со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, пред посетата на Рим, Париз и Брисел каде ќе бара поддршка за неговата нова економска програма, јави дописникот на МИА од Атина.

Коментирајќи ги плановите на новата влада на Грција во врска со Ексклузивната економска зона (ЕЕЗ), Ципрас рече дека ќе преземе „внимателни чекори“ за прашања кои влијаат врз односите на земјата со Турција.

Во однос на извештаите дека претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер размислува да стави крај на моделот на тројката, грчкиот премиер рече дека тоа ќе биде „зрело и неопходно за развој на Европа“.

Анастасиадис се согласи дека тоа ќе биде „позитивен институционален чекор“.

Покрај другото, Ципрас сугерираше дека сите Европејци ќе имаат корист од новата грчка Влада и постигнувањето нов договор со нејзините партнери од еврозоната.

– Позитивен заклучок од разговорите на Грција со еврозоната ќе има позитивни ефекти за Грците, Турците и сите Европејци, рече тој.

Грчкиот премиер, исто така, нагласи дека нема намера да побара заем од Русија.

– Ние сме во значајни преговори со нашите партнери во Европа и тие ни позајмија. Имаме обврски кон нив, рече Ципрас  како одговор на новинарско прашање за Русија.

– Во моментов, на маса нема други размислувањат, рече грчкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица