Ципрас вети дека ако победи СИРИЗА ќе се бори за отпишување на долгот на Грција

Од:

Доколку победи на парламентарните избори на 25 јануари, главната грчка опозициска партија Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА) ќе бара од кредиторите да го отпишат поголемиот дел од долгот на земјата, кој изнесува 322 милијарди евра, изјави лидерот на оваа партија Алексис Ципрас.

Во обраќањето пред Конгресот на партијата, Ципрас синоќа изјави дека ќе продолжи да се залага за балансиран буџет и ќе се стреми да склучи договор со кредиторите за инструментите за економски развој. Ќе го заштитиме грчкиот банкарски систем и ќе ги гарантираме штедните влогови на граѓаните, вети Ципрас.

Тој истакна дека ќе бара отпишување на грчкиот долг како што беше случајот со Германија во 1953 година.

Ципрас вети и итни мерки за надминување на „хуманитарната криза“ во Грција и доколку СИРИЗА ја освои власта, ќе дава бесплатна струја и купони за храна за најмалку 300.000 домаќинства, кои се на работ на сиромаштијата. Вети 13 пензија за пензионерите и враќање на минималната плата од 751 евро.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит