Ципрас смета дека нема потреба за промени во планот за административна поделба на Грција

Од:

Лидерот на Сириза Алексис Ципрас изјави дека нема потреба за реформа на планот за административна поделба на земјата, познат како Каликратис.

Во разговор со градоначалник на Лариса Апостолос Калојанис за време на посетата на градот каде одржа и предизборен говор, Ципрас рече дека локалната администрација има голем потенцијал кој нема можност да го исполни поради тешкотиите кои произлегуваат од спроведувањето на меморандуми.

Тој истакна дека се потребни институционални промени и мерки за справување со бирократијата за да се подобри ефикасноста на јавната администрација. Дел од промените на планот Каликратис, рече тој, е потребата да се спречат постојаните ревизии на општините и градоначалниците и да имаат една главна ревизија на крајот на секоја година.

Коментирајќи во врска со претстојните избори, Ципрас го потврди својот став дека тоа е борба меѓу „новите“ кои мора да победат и на „старите“, и „прогресивните“ наспроти „конзерватизам и лични интереси“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит