Ципрас, „пријателот на бродските магнати“

Од:

Дојче веле – Бон

Грчките бродски магнати трепераа од владата на левиот Алексис Ципрас, кога неговата партија Сириза ја презеде власта. Но тие времиња поминаа, коментира германскиот Зидојче цајтунг.

По повод укинувањето на даночните кратења за грчките бродосопственици, кое го бара Европската комисија, изданието објавува обемна статија за благодетниот даночен режим за тоа под наслов „Пријателот на бродските магнати“.

Коментирајќи го присуството на грчкиот премиер Алексис Ципрас на неодамнешната поморска изложба „Посејдонија“, весникот коментира: „До неодамна, левата партија Сириза на Ципрас беше толку сакана од грчкуте бродски магнати колку и хаварија во ледени мориња. Но сега дува еден поинаков ветер“.

На изложбата на почетокот на јуни, Ципрас ги пофали бродските магнати за нивните „успеси“ и „планови“. Претседателот на грчките бродски магнати Теодорос Вениамис, му заблагодари и рече дека зборовите на премиерот биле „најдобрите можни“. Еден друг магнат дури ја опиша коалициската влада на левата партија и десните популисти како „најпријателски настроените во однос на бродските магнати од почетокот на евроспасот на земјата пред шест години“.

– Што се случи, се прашуваат коментаторите обидувајќи се да ги анализираат и да ги објаснат причините за таквата промена. На почетокот на годината, како што напиша Зидојче цајтунг, во грчкоот министерство за надворешна политика стигна писмо од комесарот за конкуренција, Маргрете Вестагер.

-Таа дури и го објави писмото за очигледно да го засили притисокот врз  Атина. Вестагер ја обвини грчката влада дека со даночните кратења за бродските магнати придонесува за нелојалната конкуренција. Комисијата, според неа, сака да гарантира дека во иднина поддршката од страна на Атина за бордскиот сектор треба да биде сообразена со „европските норми“.

Попрецизно, комесарката испрати критики за тоа дека бродските магнати гледаат на даночните предности како на можност за економска дејност која нема директна врска со морската флота, како на пример за купување на хотелска инфраструктура. Вестагер прецизира дека нејзините забелешки не се однесуваат на главната дејност на бродските магнати, која може да биде оптоварувана со даноци како трошењето вода на пловечките објекти, туку на нивните реални приходи“.

Како одговор на Вестагер, Асоцијацијата на бродски магнати се обрати до европските експерти да подготват извештај на 150 страници.

Според извори на Зидојче цајтунг, пред појавувањето на Ципрас на изложбата „Посејдонија“, грчката влада го препратило писмото без да направи значајни измени во него. Тука германскиот весник ја враќа лентата малку назад: „Во 2013 година, доста пратеници од левата партија, меѓу кои и сегашниот министер за морепловство, Тодорис Дрицас, ја прашаа конзервативната влада на премиерот Андонис Самарас кога „ќе сопре дамочната политика кон бродските магнати“.

Пред својата прва изборна победа во јануари 2015 година, владата на Ципрас сакаше да направи се што е можно пораазлично од своите претходници. Но, раководителот на бродските магнати Вениамис тогаш се закани дека зачувувањето на благодетните закони не подли „на преговори и договарања“.

Според германскиот весник, всушност во редовите на магнатите има и една мала група која го споделува мислењето кое меѓу другото изразува и претседателот не Фондацијата „Ставрос Ниархос“, Андреас Дракопулос, кој веќе во 2014 година за весникот Катимерини рече дека „воведувањето даноци на богатите, во таа смисла и на бродските магнати, треба да се зголеми“.

Долгата рака на Струнарас

Според Зидојче цајтунг, луѓе блиски до бродосопствениците сметаат дека зад упорното барање од Еврокомисијата се крие долгата рака на грчкиот управител на централната банка, Јанис Струнарас.

– Некој најверојатно не предал, изјавил член на раководството на Асоцијацијата на бродски магнати за Зидојче цајтунг, без да неведе кој би можел да биде тоа.. Меѓу Струнарас, кој во тоа беше министер за финансии и бродските магнати во 2013 година, избувна остар спор затоа што Струнарас сакаше да го покачи данокот на тонажа за пловните објекти. Бродските магнати му се обратија на премиерот Самарас. Во 2014 година беше донесена одлука за ново раководство, но сепак повисоките даноци за магнатите беа регистрирани како нивен „доброволен“ придонес за надминување на кризата. Сепак, досега законот носи 105 милиони евра на годишна основа во јавните фондови и каси, во споредба со 45 милиони евра кои претходно беа собирани“.

– За особено пријателски настроени кон бродските магнати се сметаат десните популсити Независни грци, помалиот коалициски партнер во владата на Ципрас. Нивниот лидер, министерот за одбрана Панос Каменос, неодамна силно заштити еден бродски магнат, сопственик на една во споредба мала флота! А на министерот за морепловство Тодорис Дрицас, кој е од партијата Сириза, многу ми се допаѓа да истакнува колку е важна оваа индустрија за економското преструктуирање на државата. За евентуална ревизија на уставот веќе и не се зборува“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит