Предлог до претседателот на грчкиот Парламент Константинос Тасулас, за формирање специјална меѓупартиска парламентарна комисија за транспарентност, надзор, контрола и континуирано оценување на начинот на финансирање, начинот на спроведување и текот на реализацијата на средствата од Фондот за закрепнување, достави лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас , јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас, како што објави на социјалните мрежи, стапил во контакт со Тасулас и го информирал за неговиот предлог што има за цел „транспарентност во управувањето си средствата“.
-Фактот што Владата на Мицотакис со карактеристична нетранспарентност управува со јавните финансии, во комбинација со фактот дека овие европски програми го надминуваат мандатот на една влада, императив е потребата да постојат институционални секции во насока на транспарентност, отчетност и гаранции за безбедно, социјално праведно и национално корисно користење на европските ресурси, напиша Ципрас на Фејсбук.
Додаде дека „не е случајно што слични иницијативи постоеја и на ниво на Европскиот Парламент“.
Извор: МИА