Алексис Ципрас поднесе оставка од функцијата претседател на грчката опозициска партија Сириза, по претрпениот пораз на парламентарните избори во неделата.
„Одлучив да предложам избор на ново раководство на партијата, за кое нема да бидам кандидат, порача Ципрас на 29 јуни по состанокот на извршната канцеларија.
Ципрас рече дека дојде време да се отвори нов циклус во Сириза.
Грчката опозициска партија претрпе голем пораз на двојните парламентарни избори во Грција.
На првите избори во мај, СИРИЗА доби 20 од гласовите, двојно помалку од Нова демократија. А на вторите избори во неделата, дополнително се зголеми разликата меѓу двете партии , оти левичарската партија освои 17,83 проценти.