Ципрас побара од Грците да и овозможат на Сириза да формира мнозинска влада

Од:

Лидерот на Сириза Алексис Ципрас синоќа одржа говор во Волос, централна Грција, на кој ги повика граѓаните на изборите на 25 јануари да и овозможат на партијата да формира мнозинска влада.

Ципрас им упати посебна порака на оние кои ја поддржуваат Нова демократија.

– Самарас мисли дека ги поседува традиционалните гласачи на Нова демократија, конзервативните гласачи од средната класа. Но, ќе се докаже дека не е во право. Испраќам јасна порака до гласачите на Нова демократија: дајте ни сила и придружете ни се во барањето подобро решение за нашата земја, во рамките на еврозоната. Наша цел е да ги обединиме Грците и да се претвори социјална чувствителност, која не е ничиј монопол, во акција, истакна лидерот на Сириза.

Ципрас повтори дека прашањето на грчкиот долг може да се реши само со европска конференција и радикални предлози. Според него, единствениот излез е отпишување на најголемиот дел од долгот заедно со грејс период и клаузула за раст во неговата отплата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит