Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара денеска намалување на грчкиот долг за 30 проценти и 20-годишен грејс период, за да биде обезбедно неговото исплаќање, јави БТА.
Во телевизиско обраќање, Ципрас рече дека извештајот објавен вчера од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја има истата суштина.
ММФ прогнозира дека може да биде неопходно отпишување на дел од долгот на Грција, бидејќи земјата нема да биде во состојба да го отплаќа поради понатамошно ослабување на структурните реформи и пад на првичниот буџетски дефицит.