Ципрас: Новата влада на Грција е подготвена за преговори со партнерите од ЕУ

Од:

Новата влада на Грција е подготвена за преговори со партнерите од ЕУ за проблемите со државниот долг на земјата, изјави денеска премиерот Алексис Ципрас на отворањето на првата седница на својот кабинет.

Коалицијата на радикалната левица Сириза победи на парламентарните избори во Грција на 25 јануари и формира владина коалиција со десничарската партија „Независни Грци“, јави ТАСС.

– Ние сме подготвени за преговори со партнерите од ЕУ за изнаоѓање на остварливо, праведно и заемно прифатливо решение на проблемот со државниот долг на Грција, изјави Ципрас.

На првата седница на новата грчка Влада се очекува да биде разговарано за прашања поврзани со прекинување на процесот на приватизација, враќање на работа на отпуштените државни службеници, финансиската ситуација во земјата, претстојните преговори со меѓународните партнери за проблемот со државниот долг, како и обидите на ЕУ да ги игнорира позициите на Атина за санкциите кон Русија.

ЕУ, претходно, ја предупреди владата на Ципрас да ги почитува обврските кон кредиторите на земјата.

Грција во 2010 година зема кредити во вредност од милијарда евра од еврозоната и ММФ, за што се обврза да спроведе строги мерки за штедење, вклучително намалување на пензиите и платите. Напредокот на Грција во реформите внимателно ги следи тројката кредитори од ММФ, Европската комисија и Европската централна банка.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит