Ципрас: Нема потреба Грција да прифаќа дополнителни рестриктивни мерки

Од:

Нема потреба Грција да прифаќа дополнителни рестриктивни мерки, освен оние кои се договорени во спасувачкиот план со меѓународните кредитори, во замена за нови кредити, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, поздравувајќи ја одлуката на Еврогрупата.

Грција и нејзините кредитори од еврозоната вчера постигнаа договор, со што ќе се овозможи деблокирање на уште пет милијарди евра, од кои земјата има потреба.

– Грција не е сама и веќе не е изолирана. Задоволна е од поддршката на политичките сили и влади, кои на крајот сфатија дека земјата и народот имаат право да свртат нова страница, истакна Ципрас.

Тој додаде дека „Грција зад себе оставила шест години на рецесија и темнина, но и покрај тоа не е уште време да се прославува“.

Би можело да ве интересира

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски