Гаврил Аврамидис, портпарол на десничарката партија Независни Грци, која што влезе во коалиција со Сириза, партијата победник на вонредните парламентарни избори, изјави дека Грција треба да се насочи кон Русија.
-Нашата партија смета дека е важно да се насочиме кон Русија. Не е случајно што Камеонс на 5-ти јануари ја посети Москва, каде што се сретна со претставниците на владеачката партија и претседателот на надворешно-политичкиот одбор на Државна Дума, Алексеј Пушков-изјави Аврамидис.
Тој истакна дека од Москва веќе имаат сигнал од министерот за земјоделство, Никола Фјодоров, дека доколку Грција се најде под притисок, Москва ќе ги укине контрасанкциите и ќе започне да увезува нивна аграрна продукција.
Лидерот на партијата Сириза, Алексис Ципрас, кој што е нов премиер на Грција, остро ја осуди владата во Украина.
-Не смееме да ја прифатиме, ниту признаеме неонацистичката влада во Украина-наведе тој.
Инаку Сергеј Марков даде поддршка за ставот на Ципрас и тој смета дека на тој начин Алексис докажал дека е поборник за демократија и слобода.
Е. Г.