Ципрас на итна средба во Брисел со Јункер

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска се очекува да биде во Брисел по покана на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, објавија атински медиуми.

Според грчки извори, Ципрас ќе разгледува со Јункер предлози за договор на грчката Влада со кредиторите.

Се очекува денеска да се одржи и седница на Европската работна група за еврото.

Грчката варијанта на договорот доставена вчера од Атина, не ги задоволува барањата на кредиторите, јавија грчки медиуми.

Во меѓувреме, тројката – ЕК, ЕЦБ и ММФ, се договорија да предложат договор на Грција за да биде ставен крај на преговорите кои траат веќе четири месеци за грчкиот долг. Договорот е од типот – пари за реформи, и е со цел да и даде можност на Атина да добие економска помош пред да остане без пари.

Предлогот на кредиторите „ги покрива сите клучни политички сфери и е резултат на преговорите во изминатите месеци“. Тој ќе биде разгледан денеска со грчкиот премиер Ципрас, вели висок извор од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ