Ципрас-Мета: Да ја зачуваме перспективата на добрососедство

Од:

Во текот на денешниот, последен ден од тридневната посета на Грција, претседателот на албанскиот парламент,Илир Мета се сретнал со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Ципрас јавно не спомнал за ни едно отворено прашање меѓу двете земји,туку виско ја оценил улогата на Мета против националистичките гласови.

-Треба да ја зачуваме перспективата на добрососедство.Треба да ја заштитиме оваа перспектива од екстремистички и национлаистички гласови.Во тие рамки сакам да ви се заблагодарам бидејќи секогаш сте биле против националистичките гласови,-изјавил Ципрас,јави тиранската телевизија Топ чанел.

Според истиот извор Мета од своја страна бил на истата линија во изјавите за време на целот престој во Грција.

– Верувам дека ние со мудрост и позитивна волја, ќе дадеме нова динамика на албанско грчките односи,бидејќи ова барање е на нашите граѓани.Сите прашања останати од минатото да ги третираме на конструктивен начин и според европската припадност која ни следува,-рекол Мета.

Освен официјалната средба, Мета и Ципрас имале и средба во четири очи,дури без присуство на преведувач.

За Топ чанел,Мета изјавил дека набрзо ќе почне со работа заедничка комисија која ќе ги разгледува прашањата кои се останати без решенија.

Дел од албанските медиуми наведуваат дека на средбите со грчкиот државен врв Мета разговарал околу прашањето за обележување на поморската граница меѓу двете земји, прашањето за протераните Албанци,Чамите,од областа Чамарија,како и други отворени билатерални прашања, но потврда за тоа нема.На средбите разговарано е и за мигрантската криза и евентуалните закани од тероризам.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит