Ципрас ќе биде принуден на предвремени избори во Грција

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, многу веројатно ќе биде принуден да организира предвремени парламентарни избори во Грција, пишува лондонски „Гардијан“ објаснувајќи го тоа со политичката криза која се надвиснува над земјата, по усвојувањето на пакетот мерки за помош, што ги побара евозоната.

Пролабуристичкиот весник оценува дека Ципрас успеал да ги протурка во Парламентот во Атина мерките кои му ги наложија од еврозоната, за да се добијат средствата за покривање на грчката неликвидност и за избегнување на банкротот, но дека за тоа ќе мора да плати висока политичка цена.

Дури 40 пратеници на неговата партија Сириза гласаа доцна синоќа против сопствената влада и пакетот на ЕУ за помош и за спас на Грција.

Не помогнаа уверувањата на Ципрас дека тој бил принуден да ги прифати европските барања, иако не се согласува со нив, само во интерес на иднината на земјата.

Според лондонскиот весник, Ципрас сега е присилен да изврши реконструкција на својата влада и од неа да ги тргне оние министри кои му создаваат проблеми. Тоа може да му помогне за момент, но не се верува дека може да му обезбеди ефективно управување со владата во наредните месеци.

Весникот смета дека незадоволството во грчката крајна левица и нејзината разочараонсит од Ципрас, кој само пред две недели на референдумското изјаснување ја доби поддршката да им се спротивстави на „европските уцени и притисоци“ а сега се прикажува како „капитулант“ може да предизвика расцеп во Сириза.

Крајната левица, организациите и групите од тој блок, синдикатите блиски до нив, како и комунистите ги предводеа вчерашните протести во центарот на Атина.

Незадоволните работници најавуваат нови протести и штрајкови, против, како што велат „понижувањето и капитулацијата на Грција пред капиталистите“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит