Ципрас ја презеде функцијата министер за надворешни работи на Грција

Од:

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја презеде функцијата министер за надворешни работи на земјата со заклетва пред претседателот, Прокопис Павлопулос. Со тоа Ципрас официјално ќе раководи со министерството што беше предводено од Никос Коѕијас до неговата оставка во средата, а паралелно ќе ја извршува и премиерската функција.

По заклетвата, Ципрас замина во зградата на Министерството за надворешни работи, каде му заблагодари на неговиот претходник и истакна дека ова е историски ден за грчката наворешна политика, алудирајќи на гласањето во македонскиот парламент за започнување на процесот за промена на уставот во согласност со договорот за името, пишува грчката новинска агенција „АНА-МПА“.

Освен тоа, Ципрас ги искоментира и односите со Турција, потенцирајќи дека Атина нема да толерира нарушување на грчките територијални права, забележува агенцијата.

Во однос на информациите за тајни фондови на грчкото министерството за наворешни работи, премиерот посочи дека владата создала рамка за зголемување на транспарентноста и институционална заштита против злоупотреби. Претходно, Коѕијас ваквите обвинувања ги опиша како одвратни.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он