Ципрас изрази надеж дека преговорите ќе бидат успешно завршени за Грција

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази надеж дека преговорите со меѓународните кредитори ќе бидат успешно завршени за неговата земја.

– Убеден сум дека разговорите наскоро ќе бидат среќно завршени во оваа прва фаза од преговорите и дека ситуацијата ќе биде нормализирана, изјави Ципрас за неделникот „Риалњуз“.

Ципрас тоа го изјави откако гувернерот на Германската централна банка Јенс Вајдман во петокот изјави дека е против нови итни средства за Грција, обвинувајќи ја владата во Атина дека ја изигрува довербата што и е укажана.

– Постојат сили во Европа кои имаат специјални интереси и кои сакаат прекин со Грција. Сепак, има и сили, кои ќе надвладеат, кои настојуваат за постигнување на компромис, изјави Ципрас, повикувајќи дека одлуката не треба да ја донесат само економисти и технократи.

Ципрас нагласи дека не може да замисли демократска Европа да избере пат со грчки излез од еврозоната.

Владата во Атина има рок до април да достави предлог реформи до кредиторите за добивање на зелено светло за својот план за четиригодишно економско заздравување.

Сепак, до постигнување на договорот Грција останува без пристап до средствата од пакетот помош од ЕУ и ММФ во вредност од 240 милијарди евра. Грција овој месец мора да пронајде околу шест милијарди евра за отплата на рати од долгот. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит