Ципрас: Изборите се втор референдум за иднината на Грција

Од:

Изборната трка во недела е втор референдум за иднината на Грција, изјави лидерот на Сириза Алексис Ципрас на предизборен митинг во градот Патрас.

– Битката на 20 септември е вториот голем референдум за иднината на нашиот народ и нашата земја. Во недела гласаме против враќањето на старата статус кво на потчинетост, зависност, корупција и лични интереси, истакна Ципрас.

Тој ги повика гласачите да ја отфрлат Нова демократија, која, според него, во најдобро светло го претставува „системот на личните интереси и зависноста од конзерватизмот и олигархијата“.

Ципрас, исто така, истакна дека резултатите од изборите ќе одлучат за владата во следните четири години, а затоа луѓето мора да ја изберат Сириза, за да можат да имаат своја влада во понеделник. Тој, исто така, ги повика сите гласачи да учествуваат на изборите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит