Ципрас: Грција се стреми конечно да излезе од кризата

Од:

Со своите предлози за реформи во замена за помош Атина се стреми за конечен излез од кризата, изјави  грчкиот премиер Алексис Ципрас, според кого предлозите ќе им бидат претставени на партнерите до крајот на неделата, пренесоа британските медиуми.

– Расправата мина во позитивна атмосфера. Процесот ќе биде брз, тој почнува во следните неколку часа со цел да заврши најдоцна до крајот на неделата, рече Ципрас пред новинарите по завршувањето на средбата на лидерите од еврозоната.

Грчката страна ќе ги продолжи своите напори, поддржана од мноштво орудија – пресудата на грчкиот народ, волјата на широкото мнозинство за да ја реализираме спогодбата, што ќе ги заврши приказните за Грекзит и ќе ја покаже перспективата за конечниот излез од кризата, рече Ципрас.

Еврозоната покажа политичка волја на Грција да и даде уште една шанса, рече новиот грчки министер за финансии Евклидис Цакалотос, цитиран од француските медиуми, по средбата со своите нови колеги во Брисел.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит