Грчкиот премиер Алексис Ципрас вети денеска дека ќе стави „веднаш“ крај на политиката на штедење на Европската унија и ќе преговара за нов договор за Грција.
– Грција нема да се потчинува веќе на наредби, особено на наредби преку електронска пошта, нагласи тој.
Ципрас денеска зборуваше во грчкиот парламент по посетата на неколку европски држави. Наведе дека Владата нема да отстапи од ветувањата и гласачите нема да бидат одново измамени.