Ципрас го обвини Самарас дека поттикнува страв во Грција

Од:

Лидерот на грчката левичарска опозициска партија Сириза, Алексис Ципрас го обвини премиерот Андонис Самарас дека влева страв во земјата за да добие поддршка за гласањето за претседател, на кое кандидатот на владината коалиција треба да победи за да се избегнат предвремени парламентарни избори.

– Одбројувањето за владејачката коалиција и нејзината катастрофална политика веќе започна, изјави Ципрас, а за Самарас рече дека е „премиер на хаосот“.

Портпаролката на Владата Софија Вултепси побрза да му одговори на опозицискиот лидер и изјави дека „единствениот архитект на хаосот во Грција е Ципрас и оти единствениот грч кој постои во земјата е тој самиот“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит