Ципрас ги „чисти“ советниците, а вработи 600 чистачи

Од:

Првиот симболичен потег на новата грчка Влада предводена од премиерот Алексис Ципрас е повторното вработување на 600 чистачи, кои беа избркани од страна на претходната Влада на Андонис Самарас.

600-те чистачи во 2013 година кога, како дел од мерките за штедење, беа исфрлени на улица, жестоко протестираа.

Владата, од друга страна, пак, одлучи да разреши дел од советници во министерствата.

„Еден од првите чекори ќе биде веднаш да се намалат трошоците на министерства. Се намалува бројот на советници и се намалуваат трошоците“, изјави новиот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис.

Левичарската Сириза на предвремените парламентарни избори, вети радикални економски промени и напуштање на буџетот за штедење, во која се наведува дека тие ќе се борат грчкиот јавен долг во голема мера да биде отпишан.

Само неколку дена по изборите, сепак, вредноста на акциите на грчките банки се намали за 22 отсто, а трошоците за отплата на краткорочни кредити се зголемија за 17 проценти.

„Нашата цел треба да биде да се задржи Грција во еврозоната, но мора да постои фер пристап до нашата популација. Грција не може едноставно да одлучи што сака а што не, и да очекува од своите соседи да дојдат и да помогнат“, рече германскиот министер за економија, Зигмар Габриел.

Грчките партнери од еврозоната и позајмија на Атина речиси 200 милијарди евра во повеќе фази, преку Европскиот фонд за финансиска стабилност и билатерални заеми.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит