Ципрас до Оланд: Грција не е закана за Европа

Од:

Новиот грчки премиер Алексис Ципрас кој беше примен од францускиот претседател Франсоа Оланд, повика Франција да игра „одлучувачка улога“ во корист на економскиот развој на Европа, јавува дописникот на МИА од Париз.

– Ние сакаме да водиме дијалог и не сме закана за Европа, нагласи Ципрас. Според него, волјата на грчкиот народ за промени, изразена на 25 јануари треба да биде „можност“ Европа да стави крај на политиката на штедење.

– Ние имаме потреба од нов договор за враќање на економскиот раст, за засилување на вработеноста и социјалната кохезија, се заложи лидерот на Сириза.

Новиот грчки премиер пред новинарите изјави дека на своите партнери им претставил „реални предлози“, давајќи им гаранции дека неговата земја има потреба од реформи.

– Ние тоа треба да го направиме за наш кредибилитет и за да и се вратиме на социјалната правда. Грчкиот народ страдаше многу. Но, некои не придонесоа за да се плати сметката. Потребни се напори за борба со даночното затајување, против неплаќањето на даноците, рече тој.

Во однос на тоа Ципрас доби поддршка од Франсоа Оланд.

– За реформата на даночниот систем, за реформата на државата, за реформата на администрацијата, ние можеме да споделиме искуства, објасни Оланд.

Претходно францускиот претседател инсистираше на „почитување на изборот на грчкиот народ, кој беше јасен, силен и кој сакаше да означи дека штедењето како единствена перспектива повеќе не е издржливо“.
Франсоа Оланд исто така повика на „почитување на европските правила кои важат за сите, за Франција исто така, и на почитување на обврските кои беа преземени посебно во однос на долговите на државите“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит