Ципрас: Ден на одговорност за сите

Од:

Денеска е убав ден, ден на демократијата, но и ден на одговорност за сите, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас откако гласаше.

Дописничката на МИА од Атина го посети гласачкото место каде што утрово правото на глас го оствари грчкиот премиер Алексис Ципрас. Дојде 15ина минути порано од предвиденото, а беше поздравен со аплауз од група поддржувачи на СИРИЗА, пред основното училиште.

Додека чекаше на ред за гласање, Ципрас имаше кус разговор со 14-годишен ученик. Грчкиот премиер го праша за колку години ќе има право на глас, на што доби сосема поинаков одговор.

-Сакам да бидам претседател, рече ученикот.

-На класот?, го праша Ципрас.

-Не, вистински претседател, одговори ученикот.

Грчкиот премиер му рече дека потребен е тренинг, но и дека за три години (кога ќе има 17) и тој ќе има можност да гласа.

Откако гласаше, во изјава за медиумите, претседфателот на СИРИЗА и премиер на Грција рече дека денеска секој еден и секоја една од граѓаните преземаат одговорност за да “го одбранат жртвувањето и трудот на грчиот народ”.

-Сега е време и ден на одговорност, секој и секоја да го ратификува, да го одобри, да го заштити текот на економското закрепнување, но и мерките за поддршка и олеснување на мнозинство од општеството. Да не остави простор или отоврена можност за никој во иднина да го повлече или да го оспори тоа. За никој, без разлика дали е во внатрешноста или надвор од земјата. Затоа, сега е време на одговорност на многумина за сегашноста и иднината на земјата, рече Ципрас откако го оствари правото на глас, пренесе МИА.

Веројатно е дека грчиот премиер времето до затворањето на гласачките места ќе го искористи за да се одмори, а резултатите, прво од exit polls проценките на изборниот резултат за медиумите, од агенциите за рејтинг, точно во 19 часот, а потоа и официјалните од Министерството за внатрешни работи на Грција, ќе ги следи од централниот штаб на СИРИЗА.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски