Ципрас бара парламентот да го одобри договорот со кредиторите во четврток

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара од Парламентот да го одобри до четвтрок договорот со кредиторите во вредност од околу 85 милијарди евра.

Во писмо испратено до претседателката на Парламентот, Ципрас наведува дека сака предлог законот за договорот, што ќе биде поднесен во текот на денот, да биде поделен на пратениците, тие да го дебатираат на парламентарна комисија во среда и да биде гласан во четврток.

Ципрас наведува дека моментот е одлучувачки за земјата и бара итна седница на парламентот за одобрување на договорот, што ќе овозможи исплата на првата транша од помошта.

Грција сака договорот да биде ратификуван од Парламентот, за да може на средбата во петок министрите за финансии од еврозоната да го одобрат и Грција да ја добие првата транша од помошта навреме за исплата кон Европската централна банка на 20 август.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит