Циодрас: Сигурно во овој момент не сме во фаза да разговараме за отворање на странскиот туризам

Од:

Сигурно не сме во фаза, во овој момент да разговараме за отворање на странскиот туризам, но секако постојат подготовки, некои дискусии, под кои здравствени правила би можел одново да функционира туризмот во нашата земја, кој како и во други европски земји, е главното прашање, вели шефот на експертската комисија за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.

На редовната прес конференцијата во Министерството за здравство на Грција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со туризмот, Циодрас се осврна на делот што се однесува на јавното здравје.

Рече дека туризмот ќе биде под одредени правила за кои надлежната комисија во министерството разговарала, но „се уште ништо не е конечно“ и спомена три од главните правила, меѓу кои брз лабораториски тест, што „ќе гарантира дека туристот не е носител на болеста или ја поминал болеста, ако има веродостојни антитела“, придржување до препораките и правилата за хигиена, односно носење маска, но и да постои заштитат на високо ризичните групи граѓани.

-Прашањето е каква ќе биде епидемиолошката слика на болеста во нашата земја и во другите земји за да може да се гарантира безбедноста. Бидејќи, да не заборавиме дека глобалното ширење на вирусот започна со увезени случаи, од патници. И во нашата земја пристигнаа од конкретни области од светот. Во Америка, да ви дадам еден пример, 65 отсто од вирусот се прошири од Њујорк, во Америка не дојде од надвор. Затоа, потребна е внимателност, па дури и во процедурите за домашниот туризам може има да има некои забрани, а не само странскиот, објасни професорот.

Во однос на патувањето со авион или брод, Циодрас рече дека ќе биде потребна голема претпазливост и во однос на хигиената и во однос на одржувањето растојание.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски