ЦИА во посебен извештај од 1995 година предупреди дека муџахедините се најголема закана за американските сила во БиХ и според неа станува збор за мотивирана група на исламски доброволци надвор од БиХ, кои конфликтот го гледаат како џихад.
Муџахедините за кои што ЦИА проценила дека ги имало околу 300 и 1.500, армијата на БиХ под контрола на власта во Сараево, ги користела како сили за напад.
Околу 400 од нив веќе биле апсорбирани во таа аримија. ЦИА предупредла на иранска опасност во БиХ, поради 350 припадници на Иранската револуционерна гарда, која ја обучувала муслиманската војска.
ИРГЦ е една од неколкуте ирански служби, одговорни за изведување напади, убиства и останати терористички мисии надвор од Иран. Иранската известувачка служба МОИС има силно присуство во БиХ и пристап до највисоките официјални лица во владата на Сараево.
МОИС ги изведе подготвителните операции за киднапирање или убиства на Американците и веројатно е одговорна за убиство на американскиот припадник на УНПРОФОР, Вилијам Џеферсон, наведува ЦИА.
Известувачките служби веруваат дека за американските сили најопасна закана претставувале иранските оперативци на МОИС и ИРГЦ на подрачјето на Зеница. И шиитските и сунитските групи во БиХ се сериозна закана за американските сили. Хезболах веќе извесно време е присутен во БиХ.
Анвар Шабан, клучен терорист на исламистичката група, исто така дејствува во БиХ. Тој е следбеник на шеикот Умар Абд ел Рахман и наверојатно, ќе ги нападне американските граѓани кога шеикот ќе биде обвинет на долга затворска казна наредниот месец, процени ЦИА во документот од 1995 година. Групата на Шабан ја смета за исклучително опасна, а постојат докази дека тој е под заштита на бошњачките власти.
ЦИА во документот на Алија Изетбеговиќ и Мухамед Шаќирбеј (министер за надворешни работи) им напоменала странските сили да ја напуштат БиХ, 30 дена по потпишување на Дејтонскиот договор.
-Изетбеговиќ не убедуваше дека тоа ќе биде направено. Сепак изгледа тој мисли само на мала група од 200 муџахедини, што е спротивно на нашите проценки, според кои тие се повеќе. Тој не се осврна на заканите со кои што се соочува американската сила.
Не добивме уверување од Изетбеговиќ дека тој има намера да го елиминира официјалното присуството на Иран или сунитските екстремистички групи во БиХ.
Елена Георгиевска