ЦИА: Ќосиќ го издаде Милошевиќ?

Од:

Американската известувачка агенција тврди дека во еден од 300 објавени документи, од кои е отстранета ознаката доверливо, стои дека поранешниот претседател на СР Југославија 1992 година, Добрица Ќосиќ го издал тогашниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, поради што тој наводно го отстранил од власт.

Во документот на ЦИА од 6-ти февруари 1995 година се наведува дека во текот на расправата за тоа како да се преговара Србија да ја признае независноста на Хрватска, лидерите на американската администрација се сетиле на инцидентите од 1992 година.

-Милошевиќ се обидел да им препушти на другите лидери да преговараат со Хрватска, од што Сајрус Венс заклучи дека претседател Ќосиќ може да го убедат да го заобиколи Милошевиќ, кој што ова издајничко однесување го искористил, за да го отстрани Ќосиќ од власт, стои во документот, пренесуваат „Независни весници“.

dobrica cosic-1

Од споменатите документи, како што наведе медиумот по потпишувањето на Дејтонскиот договор на САД, на тогашниот претседател Алија Изетбеговиќ му дале можност низ позитивен третман на сараевските Срби да покаже дека е за мултиетничка БиХ, но тој таа можност не ја искористил.

Една од главните причини за отворена поддршка на Бошњаците на администрацијата на претседателот Бил Клинтон според неговото мислење, било дека Србите сакаат Голема Србија, Хрватите, Голема Хрватска, а Бошњаците мултиетничка и неподелена БиХ.

Во документот од 7-ми декември 1995 година се зборува за посета на главниот американски преговарач, Ричард Холбрук на Изетбеговиќ, поради загриженоста на САД за опасноста од масовниот егзодус на Србите од сараевските општини, кои според Дејтон треба да и припаднат на ФБиХ.

-Холбруковата мисија ќе биде да се охрабрат Босанците веднаш да преземат конкретни чекори, за да на српското население му гарантираат безбедност, кога тие подрачја ќе бидат под федерална контрола-пишува во документот.

Конкретни мерки кои што Холбрук ќе ги предложи, како што пишува во документот се одлагање на влезот на федералните сили во српските подрачја во траење од 90 дена, засилување на присутноста на ИФОР, постепено воспостанување на муслиманската полиција под меѓународен надзор, која би имала мултиетнички состав, формирање на привремени транзициски градски власти и воспоставување на комисијата за човекови права.

-И покрај тоа што чекорите сами по себе нема доволно да ги охрабрат Србите да не го напуштаат главниот град, веруваме дека ова е важна можност за Изетбеговиќ да докаже во пракса дека е определен за зачувавање на единствена мултиетничка БиХ-се истакнува во документот.

cia1_wid

Во документот од 29-ти декември 1995 година се укажува дека српските претставници се обиделе да ја променат ситуацијата во која тие подрчаја ќе останат под српска контрола.

-Српските цивилни власти во Сараево се обидуваат да ја одложат имплементацијата на овие одредби или повторно да започнат нови приговори со други дејтонски обврски-пренесува весникот од документот на ЦИА.

Американската администрација, според предлогот на Стејт департментот, подготви различни мерки во случај Бошњаците или Србите да го одбијат планот за контакт на групи, според кои 49 проценти од територијата ќе им припаѓаат на Србите, а 51 процент од ФБиХ стои во документот од 13-ти јуни 1994 година.

-Доколку Србите прифатат, а муслиманите одбијат, според документите ќе ги разгледаме различни нивоа на олеснителни санкции, во зависност од тоа колку Срби ќе се повлечат на нивните 49 проценти. Доколку муслиманите го прифатат документот на Стејт департментот се предвидуваат бројни опции за присилување на Србите на соработка, вклучувајќи го и престанокот на ембаргото за оружје на Бошњаците и различни видови воздушни напади врз српските мети-се истакнува во документот.

Освен ова предложен е и план на Советот за национална безбедност кој исто така не предвидува санкции за Бошњаците.

Во документите на ЦИА кои вчера се обелоденети во Фондацијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, се наведува и дека Хрватска според извештајот од 19-ти септември била сконцентрирана на проширување на Хрватска територија во БиХ и на своја контрола за спречување на создавање силна босанска држава.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА сексуално злоставувал и дрогирал 20 жени

Горан Наумовски

ЦИА и МИ6: Не го потценувајте Путин, а со Кина развивајте добри односи

Предраг Петровиќ

Барнс: Путин е врвниот апостол на одмаздата, тој сè уште бара одмазда против Пригожин